Македонски железници ќе го исплати вториот дел од платата за декември

17.02.2017 | 20:18
Прочитано: 2710
Македонски железници транспорт АД Скопје инфромира дека денеска на вработените ќе го исплати вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот да ја исплати платата за јануари 2017 година.
 
Заради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година кога поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, Македонски железници транспорт АД Скопје претрпи директна загуба од 5 милиони евра, на што доколку се додаде и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати 4,5 плати, во почетокот на оваа година повторно се соочува со одредени финансиски предизвици, наведуваат во соопштението од компанијата.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.