Маниупулацијата на власта во судството сеуште е силна

21.04.2017 | 18:31
Прочитано: 2082
Прогласувањето на прислушуваните разговори за незаконски доказ на суд води кон директно минирање на работата на Специјалното јавно обвинителство, смета професорката по кривично право Гордана Бужаровска. 
 
„Се работи за една зона која што отвора многу прашања, се работи за голем број на сторени кривични дела и оттука според мене и снимките и доказите што ќе произлезат од снимките затоа што тоа е мандатот на СЈО едноставно не смее да се дозволи и мислам дека Врховниот суд ќе собере сила да заземе соодветен став затоа што е на врвот на пирамидата што значи судски систем и заштита на граѓаните и оттука толкување на тесно правнички како снимањето да го правел поединец, физичко лице, едноставно е според мене апсолутно неприфатливо“ - изјави Бужарвска во рамки на Конференцијата „Парадигмата на незаконитите докази и плодовите на отровното дрво“. 
 
Не можеме да го премостиме фактот дека во овие аудиоснимки се инволвирани луѓе кои што се директно поврзани во власта и тоа не може да остане незабележано или непроцесуирано, смета професорот Јовчевски од Американ Колеџ. 
 
„Сега Врховниот суд чиј што прв човек е крајно компримириран, тоа е Јово Вангеловски, поднесува барање дали треба да се издвојат незаконитите докази. Ве молам тоа воопшто не е спорно. Јасни се причните зошто се прави ова – манипулацијата на власта е сè уште силна, но кога оваа расправа би се случувала во друга прилика таа би била секако многу јасна“ - вели Јовчевски.
 
Екс претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова се осврна на аферата Голеото уво, но и на други судски пресуди во кои биле прифатени незаконски стекнати докази, меѓу кои и пресудата за дадилката. 
 
„Имаме еден различен пристап во законот. Не сме можеле да предвидиме дека ќе ни се случи ваков сериозен настан кој се случил со прислушувањето и ги доведе судиите во ситуации да одлучат дали ќе ги прифатат овие докази или не.“ - изјави Лидија Неделкова, судија на Врховен суд.
 
За обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, пак, сè уште е неизвесно како Аелациониот суд ќе одлучи по нивната жалба за отфрлање на бомбите како доказ во случајот против екс премиерот Никола Груевски и покрај тоа што истиот суд прифати незаконски снимки во случајот „Шпион“. 
 
„СЈо пред судот на едно рочиште коешто беше недефинирано, по службена должност ги сослуша двете страни и ја исклучи јавноста, ги издвои како доказ тие две снимки од кои се посочуваше нарачка на одредени насилства“ - изјави Гаврил Бубевски, јавен обвинител во СЈО.
 
Додека стручната јавност дебатира за употребата на незаконски стекнатите докази, Врховниот суд кој треба да пресече дали бомбите ќе може да се користат на суд сè уште нема закажано продолжение на општата седницата од чиј исход ќе зависат сите постапки на СЈО.

Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.