Марк Цукерберг ќе стане татко по вторпат

10.03.2017 | 09:49
Прочитано: 1712

„Таткото“ на Фејсбук, Марк Цукерберг објави дека неговата сопруга Присила Чан е бремена и дека за неколку месеци ќе добијат уште едно девојче.

„Кога дознавме дека е повторно бремена, прво - се надевавме бебето да е здраво, а потоа се надевав дека е девојче... Многу сум среќен што Маџ и нашето (второ) бебе ќе се имаат една со друга“, напиша Цукерберг на Фејсбук.

Двојката веќе ја има 15-месечната Маџ, а среќниот татко призна дека не очекувале уште едно бебе, со оглед на тоа дека Присила и првиот пат едвај останала бремена.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.