Марк Маркез го одбрани тронот во МОТО ГП за четврта шампионска титула

12.11.2017 | 17:26
Прочитано: 549

Марк Маркез е старо-нов шампион во МОТО ГП шампионатот. Заврши на третото место на последната трка во Валенсија, доволно за заверка на шесттата титула во кариерата.

На возачот на Хонда му беше доволно и 11-тото место на последната трка во Валенсија за шампионската титула, бидејќи со 21 бод водеше пред директниот конкрент од Дукати, Андреа Довицизо. Сепак, Маркез се обиде победнички да ја одбрани титулата, но во еден момент се доведе до ситуација пред пад, која успеа со неверојатен маневар да ја избегне и на крајот да заврши на третото место на пиедесталот. Прв до целта стигна неговиот клупски колега, Дани Педроса, пред Жоан Зарко од Јамаха.
Довициозо, пак излета од патеката на шест круга пред крајот, што дополнително му ја олесни четвртата титула на Маркез во кралската конкуренција, а вкупно шестта во сите категории. На крајот во генералниот поредок, Маркез заврши со 298 бода, или 37 повеќе од Довициозо, а 68 повеќе од Маверик Виљалес.

Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.