Маврово може да биде избришанo од картата на национални паркови

14.01.2014 | 23:54
Прочитано: 3827
Маврово ќе биде избришанo од картата на светските  национални паркови, доколку се изградат хидроцентралите Бошков мост и Луково поле. 
 
Токму овие локации се најзаштитени во регионот. 
 
На местото каде треба да се изгради Бошков мост живее балканскиот рис кој е прогласен за  критичен и загрозен вид.
 
Екологистите предупредуваат дека во опасност е нарушување на целокупниот еко-систем во поголемиот дел на Националниот парк Маврово.
 
Пред да започнат било какви градежни зафати во националниот парк  мора да се направи научна студија и однапред да се предвидат негативните влијанија со кои ќе се соочиме во иднина – алармираат експертите.
 
Од Министерството за животна средина пак за 24 Вести  велат дека досегашните испитувања покажале дека изградбата на хидроцентралите нема да штетат на животната средина во Националниот парк.
 
„Направената физибилити студија за хидроценталата Луково поле покажува дека градежните работи нема да наштетат на вегетацијата во националниот парк Маврово. А студијата за Бошков мост се уште е во изработка и ги чекаме нивните завршни анализа и дури потоа ќе се знае дали ќе има штетни последици од  изградбата на оваа хидроелектрана“.
 
Изградбата на хидроцентралата Бошков Мост во еден од најстарите национални паркови во Европа - Маврово беше наголемо најавуван токму од премиерот Груевски.
 
За него, овој проект е најголемата инвестиција за годинава од областа на енергетиката.

Иле Петревски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.