Медиумите и изборите: (Не)зависна политика со државни пари

21.12.2016 | 11:51
Прочитано: 1986

Наместо за информирање на народот за изборната кампања партиитге ги искористуваат медиумите за пропаганда.

Здружението за медиуми Советот за етика и Македонскиот институт за медиуми оценуваат дека преку високите суми за финансирање на платените политички кпрограми власта ги претвори медиумите во алатка за спинување.

Насер Селмани од здружението за новинари потенцираше дека власта бега од дебати и незгодни прашања туку преку медиумите прават кампања и ги претсавуваат другите како опасност поради што граѓаните неможат да донесат оценка за кого да гласаат. Од советот за етика велат дека медиумите мора да се ослободат од политичките спреги, треба да се воведат уредувачки стандарди наспроти реалноста во која новинарите се изложени на притисоци.

„Прифаќањето на манипулацијата од страна на политичарите и другите актери во изборниот процес, ќе значи директна штета врз граѓаните и јавност во Македонија“ - вели Марина Тунева од Советот за етика.

Присуството на исти личности на исти телевизии не ја отсликува реалноста на политичката кампања велат од македонскиот институт за медиуми. Оттаму оценуват дека користењето на уреднички коментар тие што треба да го регулираат не го препознаваат.

„Треба да се сфати многу сериозно и на некој начин значи враќање на демонизирачкиот пристап во известувањето е користењето на форматот на уреднички коментар или коментар од новинари, значи надвор од извештаитеза митинзите на партиите и нивните политички понуди“ вели Билјана Петковска од МИМ.

Слободата во известувањето не зависи од законот за медиуми и регулацијата на известувањето туку од тоа дали идната влада ќе се откаже од намерата со јавни пари да влијае на медиумите, сметаат здруженијата.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 

 


Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.