Медиумски клиентелизам во Македонија

21.12.2016 | 11:50
Прочитано: 2276
Македонија меѓу најниско рангираните земји во регионот за минатата година по однос на индексот за клиентелизам во медиумите покажуваат истражувањата на Асоцијасијата Паблик. Истражувањата укажуваат на тоа дека општеството во земјата не успева секогаш да направи разлика меѓу услугите и против услугите кои медиумите ги пласираат во јавноста, а притоа се искористуваат за различни политички но и друг вид на цели.
 
„Најголемиот недостаток што го покажува индексот е дека општеството и граѓаните во општеството не се во состојба да ги сватат клиентелистичките практики, односно не можат да ги препознаат кои се всушност тие. Недостатоци во поглед на сопствеништвото на медиумите, односно транспарентноста на сопствеништвото на медиумите како и финансирањето на медиумите,“ вели Маја Раванска, Паблик. 
 
Од Советот за етика во медиумите велат не се изненадени од овие разултати а причината велат лежи и во саморегулацијата на медиумите, но и етиката во известувањето. На новинарско прашање дали и колку етички медиумите известувале за изборите, од Советот велат дека не правеле мониторинг но и покрај обидите да се долови слика на етичко известување сепак велат кај поголем дел од медиумите тоа не се случило.
 
„Не правевме мониторинг меѓутоа можам да кажам дека квантитативно можеби читајќи ги анализите на ад хок телото и она што јас лично го гледав, имаше некоја избалансираност. Меѓутоа ако се влезе во анализа на тоа како беа презентирани тие информации и како беа следени, мислам дека ништо не е подобрено,“ вели Мирче Адамчевски, Совет за етика во медиумите.
 
Повикувајќи се на досегашните истражувања од Паблик велат дека се повеќе паѓаат вредностите по однос на индексот на клиентелизам. Од вкупно 6 земји во регионот Македонија се наоѓа на 4 место, а најдобри резултати покажала Хрватска, додека најслабо рангирана е Романија. 
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 
 

Гаврил Сирачески
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.