Меѓународната заедница ја гледа Македонија во ЕУ и НАТО

13.09.2017 | 17:24
Прочитано: 1429

Местото на Македонија е во НАТО и се надеваме дека наскоро ќе дојде денот кога ќе и посакаме добредојде на вашата земја во алијансата . Со оваа порака канатскиот премиер Џастин Трудо во своето писмо му го честита изборот за претседател на новата влада на премиерот Зоран Заев . Осврнувајќи се на актуелните политички случувања во писмото до Заев тој наведува:

„Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите успешно вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на вашата земја кон светла иднина заснована на најавените реформи на европските аспирации и на заложбите за регионална стабилност.“

Пораки со слична содржина денеска по средбата со министерката за одбрана радмила Шеќеринска упати и командантот на Националната гарда на Вермонт (САД) Стивен Креј кој порача дека Членството на Македонија во НАТО е заедничка цел.

„Во текот на мојата официјална посета, планирам детално да разговараме за активностите за следните години и ангажманите меѓу Вермон и Македонија, за членство во НАТО.“ - изјави Стивен Креј - Командантот на Националната гарда на Вермонт.

„Македонија смета на своите стратешки партнери, особено сега кога забрзано работиме за нашата главна цел. Македонија како членка на НАТО.“ - изјави Радмила Шеќеринска Министер за одбрана.

Евроинтегративните и евроатланските проеси се тема на дискусија и Во Обединетото кралство каде денеска во Лондон Министерот за надворешни работи Никола Димитров и Британскиот министер за Европа Алан Данкан потпишаа заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу  Македонија иВелика Британија и Северна Ирска.

Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа визија и да се справиме со предизвиците со кои заеднички се соочуваме“, стои во заедничката изјава.

Се позачестените аларми од меѓународната заедница за интегративни процеси на земјата предизвикуваат нервоза и кај грчката опозиција која испрати писмо до министерот за надворешни работи Коѕијас прашувајќи го како ги коментира изјавите на Заев и Димитров за влез на Македонија во НАТО и ЕУ под привремената референца и дали се променети иредентистичките позиции на Грција .

 


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.