Менувањето на името на аеродромот „Aлександар Велики” ги подели власта и опозицијата

13.11.2017 | 18:02
Прочитано: 8336

Владините партнери Заев и Ахмети допрва ќе треба да ги пеглаат ставовите околу иницијативата која дојде од Дипломатскиот клуб за промена на името на аеродромот „Александар Велики“ во „Киро Глигоров“. Од Владата денеска само кратко рекоа дека треба да се сочека јавната општа расправа за овој предлог, а премиерот Заев пак лично за медиумите кажа дека како поединец нема ништо против тоа аеродромот да го носи името на првиот претседател на државата.

Од пратеничката група на СДСМ пак денеска соопштија дека се отворени за дебата по сите прашања , вклучително и за предлогот на Дипломатскиот клуб. Во своето соопштение пратникот Тунтев вели:

Мислењето на граѓаните за нас како пратеници секогаш е и ќе биде најважно . Тоа во суштина ќе биде појдовна точка при носење на одлуките кои секогаш ќе бидат во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од ДУИ пак денеска велат дека треба да се разгледуваат прашањата кои влијаат на подобрување на односите со соседите вклучително и името на аеродромот. Претеникот на ДУИ Артан Груби денеска ја поздрави иницијативата но не спомна кој предлог е прифатлив за нив. Порача дека прашањето треба да биде тема на јавна расправа.

Ја поздравуваме готовноста да се адресира ова прашање и сметаме дека отворање на една општа опшествена дебата околу вакви значањи именувања на објекити е полезна и ќе го дадеме нашиотпридонес согласно предлозите. Сметаме дека треба да се чујат, да се видат сите страни и да се избегне начин на политичко именување на институции како што беше во минатото затоашто во тоа само видовме проблеми“, вели Артан Груби – ДУИ.

Против промената на името на аеродромот веќе се произнесе и најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Од нивната пратеничката група во законодавниот дом денеска само додаваат дека:

Веќе изградените објекти не треба да се преименуваат бидејќи тоа не води никаде. Треба да се градат нови објекти кои треба да добиваат нови имиња“.

Од Дипломатскиот клуб од кој произлзе иницијативата пак велат дека деновиве ќе се расправа на оваа тема и не се исклучува можноста да се разгледуваат и нови моменти кои се поврзани со неа но засега не прецизираа дали може да се разгледуваат и други имиња освен веќе предложеното. Мислењата и на експертската јавност по ова прашање беше поделена.

Сепак доколку ова прашање дојде на разгледување на Владина седница за него ќе одлучи Владата а не собранието. Што би значело дека предлогот може да помине и без за тоа да дадат поддршка министрите на ДУИ во Владата.



Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.