Mercedes-Аmg на европска турнеја – во Скопје слави половина век постоење

24.10.2017 | 18:40
Прочитано: 1299

Како дел од Star Experience турнејата, Road Show тимот на Mercedes-Benz ја посети и Македонија, а ние имавме можност нешто да научиме, но и да седнеме зад воланот на фамозните AMG автомобили!

Feel Intelligent drive - несекојдневно задоволство за љубителите на автомобилите кое и покрај лошите временски услови воопшто не го намали доживувњето.

Екипата за логистика на Mercedes-AMG за неверојатни 24 часа од пристигнувањето во Македонија, успеа да подигне мини зграда со неколку дополнителни објекти и справи за изведување на вежбите на полигонот.

Гостите на настанот, имаа можност директно да се запознаат со најнапредните системи на Mercedes-Benz, односно преку теоретски и практични вежби да дознаат повеќе за безбедното и ефикасно возење, како и врвните уреди кои овозможуваат полусамостојно управување на возилото.

Исто така, на настанот беа прикажани и новите електро-хибридни модели на Mercedes-Benz, како и моќните AMG модели, со неколку стотици коњски сили, а за сето тоа се погрижија врвни инструктори за возење од фабриката во Штудгарт.

Моделите на Mercedes-AMG се задвижувани од мотори кои се рачно склопувани, возилата чинат неколку стотици илјади евра, а нивните сопственици се различни успешни луѓе од светот, бизнисмени, шеици и кралеви, музичари, глумци и други јавни личности, но сите ги поврзува една заедничка работа – страст кон спортските перформанси на автомобилите.


Сања Савеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.