Мери Јордановска го пријави Миленко Неделковски во полиција

05.10.2012 | 18:09
Прочитано: 112107

Новинарката Мери Јордановска го пријави во полиција водителот Миленко Неделковски откако на својот фејсбук профил објави нејзина фотографија под која се коментари со вулгарна содржина.

Јордановска сексуалното вознемирување од страна на Неделковски го пријавила во полиција од каде и рекле дека водителот ќе биде повикан на информативен разговор.

Во коментарите под сликата, освен навредливи зборови за Јордановска, Неделковски коментари со вулгарна содржина пишува и за нејзини блиски пријатели.

Јордановска за случајот го известила и здружението на новинари од каде ја упатиле до советот на честа. Известен е и синдикатот на новинарите како и советот за радиодифузија. Од таму Јордановска се уште нема одговор. Неделковски денеска не одговараше на телефонските повици за одговор на пријавата на Јордановска.

Ова е уште еден случај каде Неделковски во различни форми упатува објавува навреди кон новинари од различни медиуми за што повеќето од нив водат процеси против него.  Последната казна што СРД ја изрече беше после контроверзната емисија на Неделковски каде водителот лепеше слики од новинари и ги наврдуваше. Тогаш советот ја задолжи телевизијата да не емитува реклами три дена.


Коментари (23)

Анонимен

sto moze da ocekuva od takvo kopito i megafon na vlasta. ovie lica se za ednoikratna upotreba. se nadevam deka ednas ce gi snema od javnosta i ce mozeme da citame i slusame nesto pokulturno otkolku negovite gluposti na kanal 5.

11

Анонимен

abe kodos si e kodos samo nema koj da potvrdi oti e zaedno so se znaj koj

11

Marjan

Bravo ovoj anonimniov go rasturi Milenko.
Imaj doblest i napisi go tvoeto ime pa neka e i lazno.

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.