Меркел не успеа да формира влада, на повидок нови избори

20.11.2017 | 11:49
Прочитано: 3359

Преговорите меѓу четирите германски партии кои се обидуваа да формираат владејачка коалиција пропаднаа, откако ги напушти Слободната демократска партија(ФДП). Одлуката на оваа партија значи дека канцеларката Ангела Меркел ќе мора да формира малцинска Влада или да организира нови избори, сметаат експерти.

„Во преговорите немаше напредок, постоеја пречки кои ги доведоа во прашање одредените компромиси. Подобро да не се владее, отколку да се владее погрешно“, вели Кристијан Линднер лидер на ФДП.

Линднер додаде дека четирите партии немале заедничка претстава за модернизација на земјата и дека недостигала доверба. По неуспешните преговори, Меркел изјави дека ќе се состане со претседателот Франк Валтер Штајнмаер за да го извести дека не успеала да формира коалициска Влада.

„Ова е ден на длабоко размислување за тоа како да се продолжи натаму во Германија. Како канцеларка, ќе направам се да се погрижам со оваа држава добро да управувам во тешкиот период што е пред нас“, изјави Меркел.

Како што пренесуваат агенциите, одлуката на Меркел да се сретне со Штајнмаер, кој има овластување да свика нови избори, укажува на тоа дека Меркел најверојатно нема да бара да формира малцинска Влада со Зелените, по откажувањето на Слободната демократска партија.

Неуспехот во преговорите би можел да предизвика најтешка политичка криза во Германија по повеќе децении, имајќи предвид дека Социјалдемократската партија (СПД) соопшти дека има намера да прејде во опозиција откако на изборите освои второ место.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.