Меркел оди кон нов мандат, екстремната десница со висок резултат

24.09.2017 | 20:46
Прочитано: 2381

Ангела Меркел очекувала подобар изборен резултат за Бундестагот, Шулц го призна поразот. 

Меркел останува германски канцелар и во следните четири години. По затворањето на гласачките места во Германија во 18 часот, пристигнаа резултатите од излезните анкети.

Иако ова не се официјални податоци, туку прелиминарни проекции, тие речиси секој пат досега се покажале како точни. Од 75 - те отсто од граѓаните кои го искористиле своето право на глас – повеќе  32  проценти од нив својот глас го дале за  Христијанско демократска унија  и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско социјалната унија на Ангела Меркел.

„Секако дека ќе претпочитавме подобар резултат, тоа е сосема јасно. Сепак конзервативците се на власт 12 години, а последните четири бea „посебно предизвикувачки“. Христијанско демократската унија и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско социјалната унија ќе формираат влада, а една од нивните задачи ќе биде да ги врати гласачите кои преминале во  „Алтернатива за Германија“ , изјави Христијанско - социјална унија.

Поранешниот претседател на Европскиот парламент и лидер на Социјал - демократската партија, Мартин Шулц на својата партија и обезбеди околу 20 проценти од гласовите на граѓаните. Половина час по објавувањето на резултатите од изборите Шулц одржа говор во партиската централа во Берлин и оттаму им порача на своите сопартијци  дека е ова „тежок и горчлив ден за германската социјалдемократија“, и најави дека ќе ја води партијата во опозиција.

„Ги загубивме изборите, ова е  „тежок и горчлив ден“. Јасно е дека одлуката за прифаќање на мигранти го подели нашето општество. Тоа е голем чин на човештво, што некои луѓе го сметаат за закана за другите и не можевме да ги убедиме луѓето дека Германија е доволно силна за да не остави никого надвор“, рече Шулц – Демократска партија.

Првпат од 1953 година, во германскиот парламент ќе има шест политички сили.  За прв пат во германскиот парламент влегува „Алтернатива за Германија“ - екстремно десничарската партија со освоени околу 13 отсто од гласовите стана трета политичка сила во Германија, и се оценува дека излегла како најголем победник на парламентарните избори.

„Одиме по Меркел. Ќе ја вратиме нашата земја и нашиот народ“, порачаа од германската антимиграциска и крајно десничарска.

Четврто место освојува Партијата на слободните демократи, со кои Меркел веројатно ќе коалицира, а на последните две места се најдоа  Зелените и Левица.

Слободните демократи и Зелените соопштија дека имаат желба да и се приклучат на Ангела Меркел во нејзината нова влада, што значи дека заедно би имале мнозинство од 51-52 проценти во парламентот. Аналитичарите го нарекуваат сојузот меѓу нив коалиција „Јамајка“, затоа што боите на трите партии во неа потсетуваат на боите на знамето на Јамајка.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.