Месиќ и Ѓукановиќ порачуваат: Потребни се нови ликови на сцената

17.02.2017 | 20:37
Прочитано: 2129
Политичарите да ги поттиснат своите амбиции и што поскоро да состават нова Влада, порачуват поранешните претседатели на Хрватска и Црна Гора, Стипе Месиќ и Мило Ѓукановиќ. И двајцата поранешни државници, посочуваат дека во Македонија веќе подолг период постои голема поделеност во општеството кое е заложник на полуитичките случувања.  
 
„Заради интересот на Македонија на граѓаните политичарите треба да помогнат да се преброди политичката криза и во Македонија да се живее нормален живот. Можеби кај вас е проблем и тоа што уставно-правно решено прашањето кога ќе се завршат изборите во кој рок треба да се формира нова Влада и што се прави ако не се формира се иде ли на нови избори. Проблем е во Македонија е што поминаа изборите а општеството остана поделено е сега е потребен тој чекор паметниот попушта, еден чекор за да се дојде до комуникација“. - вели Месиќ.
 
„Во Македонија има голема поделеност во општеството и тоа претставува,поделеност меѓу власт и опозиција, помеѓу партиите. Јас станав многу млад премиер на 29 години и два пати се повлекував секогаш со исто образложение мислам, мислам дека е добро да секој кој што може да даде нешто добро за својата држава, да го даде во еден, два или три мандатата, а после тоа да се посвети малку на себе и на своите приоритете и да овтори простор за други луѓе , кои скаат да се докажат и да дадат одреден придонес во општествениот развој“ - велли Ѓукановиќ.
 
Поради продлабочената политичка криза Македонија тешко ќе оствари некој сериозен економски раст, порачаа Месиќ и Ѓукановиќ.  
 
„Никој не гледа на економијата сите се насочени кон решавање на политичките пршања а за кои не се единстевени.Овие прашања се решеваат одреден период но треба да и се овозможи на економијата на стопанството да се развива, младите да останарт во Македонија да не се иселуваат и да се отвораат работни места .Тешко е сега да се очекува еден сериозен економски развој оти политичкарта криза“.  - вели Месиќ.
 
„Економијатане може да се изолира од политиката. А политичката стабилност и каков таков оштествен консензус за да може да се оствари солиден економски раст и општествен развој.“ - вели Ѓукановиќ.
  
Политичката и бизнис елита од регионот повика на јавна одговорност, демократија, институции и примена на правда за да може успешно да функционираат земјите од регионот.

Соња Јанковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.