МИА за локалните избори бесплатно ќе ги лиферува вестите до порталите

26.09.2017 | 19:08
Прочитано: 1338

Раководството на Македонската информативна агенција донесе одлука во наредните три месеци, до завршување на локалните избори, интернет порталите да можат да ги пренесуваат бесплатно сите информации на МИА од сервисот Македонија.

Дирекотот на МИА заедно со претставниците на Здружението на новинарите на Македонија и од Советот за етика во медиумите на Македонија истакнаа дека целта е да се спречи ширење на лажни вести во јавноста.

„Во име на подигање на стандардите, во објективноста на медиумите, во сопирање на пропагандата, дезинформирањето и новиот непријател на професијата „фејк њузот“ лажните вести, пропагандистичките информации во периодот до завршување на локалните избори, значи наредните три месеци порталите, донесовме одлука, да можат да ги пренесуваат бесплатно сите информации на МИА од сервисот на Македонија“, рече Драган Антоновски - директорот на МИА.

„Денеска сакаме да пренесеме заедничка порака да се повикаат медиумите да дејствуваат како стожери на државниот интерес, да известуваат, пишуваат и објаснуваат во согласност со највисоките стандарди на професијата. Правилата, стандардите, принципите постојат, тие ги имаат долго време, само треба сите ние заеднички да се потсетиме дека одговорноста за создавање на една таква иднина на професионално новинарство лежи токму во рацете на медиумите“, рече Марина Тунева - извршниот директор на СЕММ.

„Ние ќе го поддржиме и тој процес во рамки на Советот за етика да се донесе правилник во кој ќе се предвидат минимум услови кои што интернет порталите треба да ги задоволат за да бидат дел од новинарската заедница. Тоа се основни критериуми, да се потпишуваат текстовите, да имаат импресум, да почитуваат право на одговор и исправка“, рече Насер Селмани - петседателот на ЗНМ.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.