Мијалков: Редовно ќе се јавувам во суд, верувам во неговата објективност

17.07.2017 | 15:36
Прочитано: 11817

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање, Сашо Мијалков дојде во Апелациониот суд каде на седница се расправаше  по жалбата на СЈО за мерката притвор којашто се бараше за него, како обвинет во споениот случај „Таргет“ и „Тврдина“.

„Совесно се јавував на секој повик во СЈО, на последниот повик се вратив порано од пат што е доволен аргумент дека нема да ја напуштам државата поради тоа што сум убеден во својата невиност. Давам мој личен збор под целосна материјална и кривична одговорност дека редовно ќе се јавувам во судот. Ова е само еден обид за манипулација на СЈО. Јас верувам во објективноста и професионалност на овој суд и верувам дека ќе донесе правилна одлука', изјави Мијалков.

Во судот не се појави поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски кој е обвинет во истиот предмет, со образложение дека е на боледување.

Иако СЈО бараше притвор за речиси сите обвинети во случаите, судот одреди поблаги мерки. Мерки не беа одредени ниту за координаторот на пратеничката група на дуи, Ејуп Алими кој е обвинет во случајот „Титаник“.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.