Минхенската конференција за безбедност ќе расправа за глобалните предизвици

17.02.2017 | 10:45
Прочитано: 1121
Во Минхен почнува 53. Безбедносна конференција која до недела ќе ги собере главните актери во меѓународната безбедност, во време на неизвесната иднина на трансатлантските односи и кризата на глобалниот либерален поредок по стапување на должноста на новиот американски претседател Доналд Трамп.   
 
Германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот потпретседател Мајк Пенс, министерот за одбрана Џејмс Метис, генералниот секретар на Обединетите нации , Антонио Гутереш, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја предводат листата на повеќе од 30 официјални претставници, осумдесетина министри на надворешни работи и одбрана, кои за време на викендот ќе се соберат во хотелот „Бајеришер хоф“, во центарот на баварската престолнина. 
 
На конференцијата ќе учествува и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.