Министерот за земјоделство во Сараево на средба за Правилникот на Хрватска

07.08.2017 | 10:07
Прочитано: 1176

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Сараево ќе се сретне со своите колеги од БиХ и Србија, Шемсудин Дедиќ и Бранислав Недимовиќ.

Тројцата министри на средбата се очекува да дефинират заеднички став во врска со Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук што го воведе Хрватска.

Со Правилникот донесен на 15. минатиот месец за земјите членки на ЕУ трошоците за инспекциски надзор при контрола на увозот остануваат 90 куни, додека за трети земји, кои не се членки на Унијата, ќе изнесуваат 2.000 куни.

Македонија минатата недела достави нота до хрватското Министерство за земјоделство со која и официјално побара стопирање на Правилникот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.