Министерството за здравсто тврди дека се е во ред со гинекологот во Шутка

16.01.2018 | 17:28
Прочитано: 1472

Гинекологот од Шутка не наплаќал незаконски за здравствени услуги на пациентки, тврдат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Инспекторите извршиле вонредна контрола на работењето во гинеколошката ординација но не нашле нерегуларности во работењето.

„Присутното лице Д-р Вјолце Мбиарра изјавува дека целосно е информирана дека согласно закон, на матичните пациенти и на бремените жени не треба да им се наплатува кај матичен гинеколог. Нејзината здравствена установа има склучен договор со ФЗОМ извршените услуги од затекнати пациентки не им се наплатува.“ - велат од Министерство за здравство.
 
Обвинувањата во телефонски разговор ги демантираше и медицинската сестра во гинеколошката ординација во Шутка. Тврди дека на пациентките не им наплаќала ниту за отворање на картон ниту пак за ехо прегледи. Докторката пак и денеска не сакаше да говори пред камера. Дел од пациентките тврдеа дека за ехо – прегледи им биле наплаќани 300 денари на рака.

Гинеколошката ординација започна со работа пред пет месеци, откако десет години претходно ниту еден доктор не се нафати да работи во тамошните услови. Докторката Мбиара дојде од Албанија каде работела како гинеколог во американска болниц.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.