Министри во трка за градоначалници

12.09.2017 | 18:01
Прочитано: 1761

 

Заменик министерот за образование, Висар Ганиу даде оставка од функцијата поради кандидатура на локалните избори. Според шефот на изборниот штаб на ДУИ, Бујар Османи, овој чекор се презема со цел одвојување на партијата од државата. Ганиу е првиот функционер кој поднесува оставка поради кандидатура на престојните локални избори. Кандидати за градоначалници ќе бидат и министерот за здравство, Арбен Таравари и неколку пратеници, но ниту еден од нив не поднесе оставка по објавување на кандидатурата.

 

Според шефот на изборниот штаб на ДУИ, партијата го одржува принципот кандидатите за градоначалници кои биле функционери веднаш да поднесат оставка. Османи не кажа дали СДСМ ќе ја поддржи ДУИ во неколку општини, но кажа дека постои позитивна клима помеѓу СДСМ и ДУИ за соработка за, како што рече, да ја вратиме земјата на евроатланскиот пат. Ганиу во Чаир ќе се трка со Идриз Орана од ДПА, Фарук Авдиу од Алијансата за албанците и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

 

 


Александар Тодески
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.