Министрите за финансии на Еврогрупата и ја одобрија на Грција следната транша од 8,5 милијарди евра

16.06.2017 | 11:33
Прочитано: 2255

Министрите за финансии од Еврогрупата постигнаа договор за нов заем за Грција во висина од 8.5 милијарди евра.

На состанокот на кој учествуваше и генералната директорка на меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард било одлучено ММФ заедно со Еврозоната да учествува во планот за помош на Грција.

Грција следниот месец треба да исплати над седум милијарди евра врз основа на стари кредити, а во моментов во државата се одвива процес на спроведување реформи како услов за натамошна помош од европските кредитори. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.