Мишел Фајфер по четири години се враќа на филмското платно

03.04.2017 | 09:51
Прочитано: 2207

Познатата актерка Мишел Фајфер по четири години во „егзил“, се врати на сетовите во Холивуд и во моментов работи на два филма.

Фајфер четири години беше далку од очите на јавноста, откако по неколку одбиени улоги, режисерите едноставно престанаа да и нудат ролји во нивните филмови.

„Едноставно станав толку пребирлива, што веќе никој не сакаше да ме ангажира и времето брзо летна“, изјави Фајфер во едно интервју по повод нејзиното враќање на филмското платно.

Актерката во моментов работи на филмовите „Мајка“ и „Убиство во Орент Експесот“.

„Не ја загубив љубовта кон актерството, бидејќи на сетовите секогаш се чувствувам како да сум дома. Повеќе сум сконцентрирана кога работам, но последните години ми беше поважно да бидам со децата. Додека работев секогаш се прашував колку долго ќе ме нема дома и дали мојот распоред ќе се вклопи со животот на моите деца“, нагласи Фајфер.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.