Митинзи за локалните избори

12.10.2017 | 22:43
Прочитано: 1286

Кандидатот за градоначалник на Штип од партијата СДСМ, Благој Бочварски, пред граѓаните со пораки за подобра инфраструктура, поголемо зеленило, но и транспарентност во работењето на општината. Најави дека доколку ја добие поддршката од граѓаните ќе направел ревизија на работењето на досегашната локална власт.

„Режимот го срушивме, а сега ќе ги срушиме сите остатоци на локално ниво. Нема да му дозволам на овој камиказа градоначалник да го однесе мојот град во провалија. Нудам отворена општина за сите. Заедно ќе носиме одлуки, урбанистчки планови и буџетот“ - изјави Бочварски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од Штип најави победа во првиот круг.

„Пред неколку години, тука на „Макфест“ бше отпеана антологиската „Свирете ја зајди, зајди. Тоа кажува се. Конечно ќе им се свири Зајди, зајди на Илчо и целиот бандитизам и ќе изгрее сонце кое ќе донесе живот за сите во Штип.“ - изјави Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак денеска во скопски Аеродром. Делата што ги оставаме се бесмртни, и се резултат макотрпна работа, порача пред граѓаните кандидатот за градоначалник Ивица Коневски.

„И покрај водењето на политика исполнета само со гнев и омрза, празни обвинувања за непостоеки криминали, малограѓански понижувања, СДС се соочува со уште еден изборен неуспех. Оваа борба не направи посилни зошто делата што ги оставаме се бесмртни и несебично вложување и работа.“ - изјави Коневски.

Лидерот на партијата Никола Груевски посочи дека тоа што се слуувало во последните пет месеци во Македонија, како што рече, било помрачување кое ќе завршело в недела.

„Тие повикуваа деа 15 октомври бил крајо, ајс ќе им прачам дека та е почеток на новата ера, светлината во Македонија. Коневски добро го познаваме, чесен човек, кој многу г саа Аеродром, кмој направи многу и ќе вложи труд да гради уштре повеќе.“ - изјави Груевски.

Кај партиите од албанскиот блок, ДУИ во Тетово. Кандидатката за градоначалник Теута Арифи од граѓаните побара нов мандат за како што рече, да ги заврши започнатите проекти. Порача дека го решила најгорливиот проблем во градот со водата за пиење. Рече оти е изградена пречитителна станица и е подобрена патната инфраструктура.

„Во овој чтиригодишен мандат, излеговме со чисто лице во оваа борба, бидејќи ги вложивме сите сли и бевме со граѓаните в добо и лошо. Кога ја превзедовме власта пред четири гдини, наидовме на нефункционални институции и хаос во инфраструктурата. Ние се вложивме себеси да ги надминеме овие недостатоци и да создадеме еден град во кој е добро да се живее и треба да работиме за негов просперитет и развој зошто имаме аргументи и визија.“ - изјави Арифи.

Демократската унија за интеграција ги исполнува ветувањата, порача лидерот на партијата Али Ахмети.

„Слушнав дека од страна на припадниците на другите партии нашите кандидати биле напаѓани за проектите што сме ги направиле, но и за тоа што не сме направиле. Јас би им порачал на нашите противници да не зборуваат премногу за нашите достигнувња и проекти бидејќи само ако сакаат да ги набројат би им требало неколку денови. Но, народот ќе знае тоа да го цени и ќе реши кој ќе ја води локалната власт во следниот период,“ - изјави Ахмети.

Алијанса за Албанците вчерева одржа митинг во Дебар. Претседателот на оваа партија, Зијадин Села побара од дебарчани да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник.

 „Не можеме веќе да им веруваме на нашите политички противници, кои се гордеат со своите дела, а тоа се само неуспеси за суштината на локалната власт- како што е процесот на децентрализација што беше предвиден со Охридскиот договор и, такви луѓе не можат да бидат успешн“ - изјави Села.

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши во петок, 13 октомври на полноќ.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.