Митровски планирал да продава имот на ССМ

07.12.2017 | 18:25
Прочитано: 1630

Поништени три одлуки за отуѓување на имот на ССМ, донесени од поранешното раководство на Живко Митревски. Екс претседателот сакал да ги продаде долниот кат од зградата на ССМ, кој во моментов се издава на познат скопски ресторан, потоа синдикална зграда во центарот на Прилеп, како и одморалиште во Делчево.

На вонредниот Конгрес, гранковите синдикати ги поништија одлуките за отуѓување и најавија ревизија за сите слични одлуки, кои според нив, не се легитимни.

„Подолг период во рамките на ССМ, се појавуваат проблемите околу издавањето на имотот, околу обидот да се вршат продажба на објекти или делови. Сметаме дека игрите исплетките се однесуваат добар дел кој да го продаде имотот и кој треба да го издаде.“ - вели Влатко Цветковски – генерален секретар на МПС.

„Поранешниот непретседател, имал одередени имоти во постапки кои самиот тој ги знае, биле на одреден начин отуѓени од ССМ и за тиа работи стоиме дека се отворени постапки и ќе бараме враќање на тој имот на ССМ.“ - вели Драги Јовановски – претседател на МЕСО.

Синдикатите согласни дека мора да се најде решение за да не се повторат состојбите од минатото, но постојат одредени несогласувања за понатамошното управување со имотот на Сојузот. Гранковите синдикати со резолуција се обврзаа да го најдат решението.

„Не беше разбрана добро нашата резолуција. Ние бараме да се обезбедеат услови секој синдикат да има свое катче свој дел кај што може да работи. Не утре да им кажат оди си, зошто секој од нас придонел за тој имот. Некои од синдикатите беа истерани на улица и мораа да се снаоѓаат за да функционираат што не е добро за еден синдикат“ - вели Цветковски.

„Претседателството и новиот претседател имаат обврска да сето тоа го ставиме на хартија заедно со сите синдикати, и оттаму мора да дојдат предлози,  како и на кој начин да го користат имотот синдикатите  непречено од оној имот што ќе им биде како нужен од било каква состојба, освен во состојба кога е во спротивно со своиоте интереси со ССМ.“ - вели Јовановски.

Освен синдикалната зграда во Скопје, Сојузот поседува имот во Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и други градови, како и неколку одморалишта. Се уште нема точна проценка, колку точно чини целокупниот имот кој го поседува Сојузот на Синдикати. Новото претседателство најави дека веќе е отворена постапка за проценка на синдикалните недвижности.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.