Мјузиклот „Тајно моја“ го затвори 52-от МТФ „Војдан Чернодрински“

17.06.2017 | 10:11
Прочитано: 2450
Со мјузиклот „Тајно моја“ во изведба на Македонската опера и балет вчера во Прилеп беше затворен 52-от по ред Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. „Трудна приказна“ во изведба на Театар Комедија од Скопје беше прогласена за најдобра претстава.
 
Жирито во состав Митко Маџунков, претседател и членовите Слободан Деспотовски и Братислав Димитров истакнаа дека протежирале претставата која беше прогласена за најдобро уметничко остварување во целина да има современа тема, врзана со македонската традиција и да покаже врвен квалитет.
 
Сето тоа според нив го имала претставата „Трудна приказна“. Уметничкиот директор на фестивалот Петар Темелкоски рече дека оваа година Фестивалот имал одличен репертоар со 12 претстави во официјалната конкуренција и 8 во неофицијалниот дел. 
 
Наградата за најдобра главна машка улога ја доби Јовица Михајловски за улогата на Шајлок во претставата „Венецијанскиот трговец“ во изведба на Драмски театар Скопје, а награда за главна женска улога и се додели на Јелена Жугиќ за улогата на д-р Ката во претставата „Трудна приказна“ во изведба на Театар Комедија Скопје. 
 
Наградата за режија и за современа сценска драматизација ја доби Љупчо Ѓорѓиевски за претставата „Лазаревото писмо“ во изведба на Народниот театар од Штип.  
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.