Младинките загубија убедливо од Унгарија

17.03.2017 | 21:14
Прочитано: 1288
Младинските репрезентативки загубија од Унгарија со 18:33 во првиот меч од квалификацискиот турнир за ЕП 2017 во Словенија, ова лето. Унгарките, како фаворитки во оваа група, почнаа супериорно, со 6:0, а Македонија првиот гол го постигна дури во 13. минута.
До крајот на првото полувреме избраничките на Борче Марковски држеа слична негатива и на пауза заминаа со 7:11. Нагло паднаа во вториот дел, до 45. минута дозволија да примат пет гола едноподруго без да постигнат ниту еден и разликата веќе стана двоцифрена, 23:12 за Унгарките.
 
Загубените топки и слабата реализација беа главна причина победата достигна најубедливи 15 разлика на конечниот резултат. Леонида Гичевска со седум гола беше најефикасна, Ана Иванова додаде три.
 
Македонија шансата ќе ја бара утревечер против Молдавија и в недела со Фарски Острови, и двата во 19.30 часот. Островјанките денеска ја победија Молдавија со 33:15 и покажаа дека ќе бидат голем конкурент во трката за второто место кое води на ЕП.
 

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.