Младите ракометарки лесно преку Ф.Острови се пласираа на ЕП 2017

19.03.2017 | 22:25
Прочитано: 2097
Избраничките на Борче Марковски по вчерашната победа над Молдавија вечерва беа далеку подобар противник од островјанките и во дуелот кој одлучуваше пласман на Европско заслужено се изборија за место.
 
Гостинките отворија солидно, но нашите ракометарки изедначија и се играше гол за гол до 16-тата минута, кога со серија од четири голови Македонија поведе со 12-8. До крајот на полувремето, младинките обезбедија и највисоки 5 плус, 15:10.
 
Во вториот дел, селекторот Марковски им даде шанса на повеќе ракометарки од клупата па некаде на средината имеше и мал пад во играта. Во последните минути Фарски Остови намалија на 21-19, но во продолжение останаа со две ракометарки помалку на терен, па Македонија одлично го искористи тоа и се одлепи повторно на 4 плус за конечни 23-19.
Леонида Гичевска со седум голови беше најефикасниот поединец во редовите на Македонија, а воедно и на теренот. 
 
Младите ракометарки со две победи завршија на втората позиција, па заедно со Унгарија која имаше максимален учинок  обезбедија место на Европското првенство во Словенија, кое ќе се игра ова лето.
 

Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.