ММФ ја намaли прогнозата за економски раст

19.04.2017 | 15:11
Прочитано: 897

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економски раст на земјава од 3,5 % на 3,2 %.

Според проекциите на монетарците пред нас се Албанија со раст од 3,7 %, Косово од 3,5 % , Црна Гора со 3,3 %. Србија и Босна и Херцеговина годинава ќе ја завршат со раст на БДП од 3 проценти.

Додека најнизок  раст има Бугарија и Хрватска со 2,9 отсто.

Во глобалниот извештај на ММФ насловен како светски економски преглед се посочува дека земјите треба да се фокусираат кон спроведување на структурни реформи , поддржување на побарувачаката, зголемување на продуктивноста и  надградба на јавната инфраструктура.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.