МНР со протесна нота до Грција поради Евзони

16.02.2017 | 20:57
Прочитано: 2308

Министерството за надворешни работи испрати протесна нота до грчкото МНР поради блокада на граничниот премин Евзони. Претходно по дипломатски пат  грчкото МНР пратило објаснување дека Грција вложува напори да се реши проблемот со блокадата и дека прават се што е можно за да се надмине проблемот, затоа што како што велат и Грција трпи штета од блокадата, велат од МНР

Министерството за надворешни работи во врска со овој проблем информира дека доставила писмо и до Европската Комисија, во кое, како што велат, е наведено дека со тековната блокада се крши спогодбата за стабилизација и асоцијација со еу која гарантира слободно движење на стоки и луѓе.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.