Мото ГП: Довициозо го надмудри Маркез за победа во Австрија

13.08.2017 | 18:21
Прочитано: 1604

Драматична и докрај неизвесна мото-битка се водеше на патеката „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија. Италијанецот Андреа Довизиосо во самиот финиш го надмудри Марк Маркез за трета победа сезонава во Мото ГП шампионатот.

Возачот на Дукати, Андреа Довицизо триумфираше пред големиот фаворит, Марк Маркез, кој иако тргна од првата позиција, а и речиси цела трка беше на челната позиција, во самиот финишот потфрли и му дозволи на Италијанецот да ја запише третата победа оваа сезона.

Двајцата се одлепија од останатите кон средината на трката и водеа драматична битка се до последниот свиок.

Маркез со преагресивен обид за претекнување се обиде да ја украде победата, но Довициозо остана присебен и сензационално дојде до триумф во Шпилберг.

Последното место на пиедесталот му прпадна на вториот возач на Хонда, Дани Педроса. Во генералниот пласман Маркез е лидер со 174 бодови, пред Довизиозо со 158 и Вињалес со 150. Следната трка на 27 август се вози на патеката Силверстоун за ГН на Велика Британија.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.