Можна затворска казна од 15 години за убијците на момчето од Словенија

16.02.2017 | 20:36
Прочитано: 8975
Дваесет и шест годишен Словенец од околината на Кршко, кој беше брутално мачен и понижуван од страна на двајца напаѓачи кои снимката потоа ја објавија на „Фејсбук“, почина. 
 
Настанот се случи ноќта меѓу неделата и понеделникот, а полицијата потврди дека напаѓачите и жртвата се познавале, а пред трагедијата дури и заедно пиеле во гостилница. Оваа трагедија ги запрепасти Словенците, посебно зошто насилниците се снимале, а получасовната тортура на „Фејсбук“ ја погледнале скоро 250.000 луѓе. 
 
Полицијата брзо ги уапсила напаѓачите, на возраст од 20 и 29 години, и им одреди притвор и им се закануваат високи затворски казни. Сè уште се истражуваат мотивите за мачењето. Наводно, меѓу нив избила расправија, а потоа и неконтролирано насилство залеано со алкохол. На сторителите на ова убиство  им се заканува казна затвор од 15 години.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.