МПМ нема чесни намери кон вработените

15.05.2017 | 11:08
Прочитано: 1130

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници се огласи со соопштение за настанатата стостојба со новинарите во МПМ.

„Начинот на кој МПМ се справува со финансиските потешкотии за кои менаџментот со години во континуитет говори е повеќе од скандалозен. 

Шпекулациите за стечај проследени со конкурси за вработување во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ се последниот чин од драматичното стрмоглавување на оваа медимска куќа која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени.
 
Доказ за тоа се следниве факти:
 
- Промените се случуваат тајно без информирање на синдикатот.
 
- Бројот на работните позиции е драматично помал од бројот на вработените во МПМ
 
- Во клучни моменти во кои се решава судбината на вработените тие се ставени пред избор „земи или остави“ додека сопствениците се зафатени или се на пат. 
 
- Условите за вработување се на определено време со што новите работници ќе бидат лесно уценувани со губење на работата доколку на каков и да е начин бидат оценети како неподобни.
 
Поради ова  ССНМ  ги повикува институциите, пред се Министерството за труд и социјална политика, но и правосудни и истражни органи да се позанинамаваат со случајот во кој е очебијно дека законските прописи се користат на начин на кој единствени губитници од лошото менаџирање ќе бидат оние што се и најмалку одговорни - вработените.
 
На колегите од Медиа принт Македонија ССНМ и јавно им порачува да не потпишуваат однапред никакви спогодбени откази затоа што така ќе ги загубат можностите да ги наплатат своите побарувања (неисплатените плати), како и поддршката која им следува од Агенцијата за вработување во случај на стечај.“ - стои во соопштението на ССНМ.

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.