Музички звезди кои заминаа во 2016

31.12.2016 | 18:35
Прочитано: 5119
Џорџ Мајкл е последниот во низата на славни уметници кои не напуштија оваа година. Тажно, но замина на Божик, а токму неговата песна „Last Chrstmas“ стана највртена песна во светот за овој празник.
 
Почина на 53 годишна возраст од срцева слабост. Започна како тинејџер во групата „Вем“, за да подоцна прерасне во светска сериозна звезда која продаде над 100 милиони албуми како солист.
 
На почетокот на годината на 11 јануари, светот го напушти Дејвид Боуви. Исто како и Џорџ Мајкл и тој живееше последните години повлечено, борејќи се со ракот и замина исто како и него, неочекувано. Два дена пред смртта го издаде последниот албум „Blackstar“. Освен како музичар, се појави и на во филмови и серии во епизодни улоги.
 
На 18 јануари, замина и Глен Фрај, членот на групата „Eagles“ со која освои седум Греми награди. Кариерата ја продолжи и како солист, а најголем хит му беше „The heat is on“, насловната песна од филмот „Полицаецот од Беверли хилс“.
 
На 8 март на 90 години почина Сер Џорџ Мартин, човекот познат како петтиот Битлс. Иако никогаш не беше експониран како член на бендот, тој беше најзаслужен што ливерпулската цетворка стана музичка легенда. Тој беше продуцент на сите нивни албуми.
 
На 21 април неочекувано одекна веста дека на 57 години замина и легендата Принц. Човекот чиј хит „Purple rain“ стана евергрин, почина од предозрање со седативи. Доби седум Греми награди, златен глобус и Оскар. Во 1996 година ја доживеа најголемата трагедија кога неговиот син Грегори почина една недела откако се роди како последица на вродена деформација.
 
На 23 октомври, замина можеби најконтраверзната музичка звезда Пит Бурнс. Имаше 57 години, а зад себе го остави хитот  „You Spin Me Round (Like a Record)" со неговата група „Dead or alive“. Во својата музичка кариера, Пит оставри и низа песни како солист, но најпознат беше по пластичните операции со кои стана непрепознатлив, а последните години често се шегуваше и на своја сметка, велејќи дека ниту Господ нема да го препознае кога ќе отиде кај него. Пит почина од срцев удар.
 
Светската музичка легенда Леонард Коен не напушти на 7 ноември. Канадскиот пејач во текот на долгогодишната кариера успешно во музиката ги спојуваше политиката, религијата и сексуалноста. Беше поет, пејач и сликар. Член е на Куќата на славните канадски музичари, како и на Куќата на славните канадски текстописци; носител е и на медалот Редот на Канада, највисокото признание што може да го добие еден канаѓанин. На 10 март 2008 година, Леонард Коен беше примен во Рокенрол Куќата на Славните поради неговиот статус на "најголем и највлијателен во ешалонот на текстописците."
 
Гитаристот на групата „Статус Кво“, Рик Парфит почина во болница во Шпанија на 68 години, еден ден пред Џорџ Мајкл на 24 декември. Тој со години имаше здравствени проблеми, а почина од срцев удар.

Маја Крстиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.