МВР: Кривична за „убиство во обид“ за полицаецот што пукаше во малолетниците кај Струмица

13.08.2017 | 15:16
Прочитано: 14123

Полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба - огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција, утврдил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во врска со настанот  од 11 август кај браната Мантово на влезот во Струмица каде полицаецот пукал во двајцата малолетници осомничени за обид за кражба.

„Против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка. До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 и член 19 од Кривичниот закон на Република Македонија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР во соопштението наведува и дека  најостро ги осудува обидите за манипулација со овој настан од страна на одредени политички субјекти.

„За разлика од времето кога раководството на МВР ги криеше злосторствата од јавноста, МВР сега демонстрира максимална транспарентност и професионално работење со цел да обезбеди законите да важат подеднакво за сите“, посочува МВР.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.