МЗШВ: Мерки за откуп и дистрибиција на земјоделските производи

19.06.2017 | 11:49
Прочитано: 4282

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.

Oд министерството велат дека ќе се преземат  мерки со кои ќе се поттикне изградбата на складишни капацитети и откупно-дистрибутивни центри со капацитет над 5.000 тони и поддржување иницијативи за изградба на мали ладилници со капацитет од 500 тони.

На овој начин, велат од министерството за земјоделство, земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.