МЗТ Скопје домаќин на Карпош Соколи во дербито на првото коло

12.10.2017 | 12:56
Прочитано: 392

Mакедонскиот кошаркарски шампион MЗТ Скопје Аеродром го пречекува Карпош Соколи вечерва од 18 часот во Јане Сандански во дербито на стартот на домашното кошаркарско првенство.

Овој натпревар практично ќе го затвори воведното коло во првата кошаркарска лига, беше одложен поради настапот на Мзт во АБА лигата во понеделникот против Задар.

За аеродромци одлична прилика за одржување на формата затоа што МЗТ е активен и во регионалната АБА лига и предизвик за куп освојувачот Карпош Соколи кој оваа сезона ќе биде активен само на домашната сцена.

Вечерашниот меч е реприза на финалето на минатата сезона. Инаку вчера се играше претпоследниот меч од ова коло.

Гостивар славеше среде Кавадарци против Фени индустри со 92-26, во меч кој изобилуваше со пресврти на резултатот. Кај Гостивар, листата на стрелци ја предводеше  Тасовски со 13 и Димчевски со 11 поени. Дејвис со 24 и Магдевски со 21 најефикасни кај кавадарчани. 


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.