МЗТ Скопје во Љубљана за бегство од дното во АБА

12.11.2017 | 17:21
Прочитано: 444

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Љубљана против Олимпија ќе се обиде да стави крај на серијата од три порази едноподруго во АБА лигата.

Воедно, ова е битка за бегство од дното на табелета во регионалното друштво, со оглед на идентичниот остварен скор на двете екипи од две победи и пет порази. Тимот од Аеродром верува дека ќе стави крај на црната серија особено поради значителните промени во составот изминатиот период. Новите засилувања Мајсторовиќ, Мавра и Павличевиќ вечерва ќе го севтосаат сино-белиот дрес и во ова натпреварување, откако во петокот за прв пат го облекоа на дербито против Куманово во домашниот шампионат. Во однос на последниот дуел во тимот се враќа Игор Пенов, а поради повреда се уште „во аут“ е Минчев.
Натпреварот Олимпија-МЗТ во рамките на 8.коло од АБА лигата се игра од 21 часот.

Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.