Над милијарда корисници на Јаху биле жртви на хакирање

15.12.2016 | 08:59
Прочитано: 2583

Интернет компанијата „Јаху“ соопшти дека повеќе од една милијарда нејзини корисници биле жртви на хакерски напад извршен во 2013 година.

Овој интернет гигант вели дека оваа бројка не се однесува за откритието од септември, кога „Јаху“ соопшти дека околу 500 милиони корисници биле погодени со ваков напад во 2014 година.

Во соопштението се објаснува дека биле хакирани имињата, телефонските броеви, лозинките и и-меил адресите на корисниците, но не и банкарските податоци и податоците за плаќањата и трансакциите.

Компанијата во своето соопштение вели дека соработува со полицијата и властите.

За откритијата обелоденети во септември, „Јаху“ објаснува дека информациите за корисниците биле украдени од „хакери спонзорирани од една држава“, но не беше наведено за која држава станува збор.

По овој масовен хакерски упад, покренати се прашања околу тоа зашто морало да се чека толку долго за да се обелодени хакирањето.

Сега, меѓутоа, се покренува прашањето за итна потреба од нови заштитни мерки против ваквиот вид напади.

Во првичната реакција, „Јаху“ им сугерира на своите корисници да ги променат лозинките и безбедносните прашања.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.