Најчевска: УЈП противуставно блокира сметки

14.02.2014 | 16:59
Прочитано: 2338
Управата за јавни приходи тврди дека нема ништо спорно во операцијата која ја спроведе со блокирање на сметки поради долг за радиодифузна такса, но дел од експертите алармираат дека со овој потег се крши Уставот.
 
Даночниците тврдат дека станува збор за редовна операција. 
 
„Присилната наплата по основ на радиодифузна такса е редовна активност на Управата за јавни приходи. Пред отпочнување на присилна наплата на долговите за радиодифузна такса, Управата за јавни приходи до граѓаните, односно обврзниците доставува Опомени со цел да се избегне постапката за блокирање на нивните сметки. Доколку граѓаните и по доставувањето на опомените не го платат долгот во наведениот рок од опомената, Управата за јавни приходи пристапува кон присилна наплата.“, објаснуваат  од УЈП. 
 
Блокирањето на 20 илјади сметки дигна голема прашина. Мегу замрзнатите сметки се најдоа и граѓани кои примаат социјална помош.  Потег, кој експертите го оценија како противуставен.
 
За долг поголем од 570 денари за Радиодифузна такса, Управата за јавни приходи деновиве замрзна околу 20 000 сметки. 
 
За да се одблокираат, граѓаните сега ќе мора да си ги измират долговите, но и да им платат провизија на банките за сметките да станат функционални.

Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.