Најмалку тројца повредени во вооружен инцидент во зграда во Шведска

13.08.2017 | 16:43
Прочитано: 2580

Најмалку три лица се повредени, од кои двајца потешко во вооружен инцидент што се случил  во една зграда за прослави во Малме, на југот на Шведска.

Во моментот на пукањето во зградата имало меѓу  70 до 100 луѓе. Според очевидци, мажот влегол во салата и почнал да вика: „кој го удри мојот брат“?.

Полицијата разговараше со очевидците и ги проверува снимките од безбедносните камери.

Шведската полиција, која трага по напаѓачот за сега не може да потврди дали станува збор за изолиран инцидент или е поврзан со судирот на криминалните групи што е во пораст.
 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.