Највисоки приходи во 2016

15.12.2017 | 17:31
Прочитано: 2309

Се зголемува јазот меѓу богатите и сироманите. Податоците на Управат за јавни приходи покажуваат дека мала група на граѓани, секоја година, заработуваат се повеќе пари. Највисок приход во УЈП за 2016 година пријавил скопјанец во износ од 4, 1 милион евра.

Највисоката плата во државата била исплатена во приватното здравство. Фантастични 225 илјади евра месечна бруто плата добивал вработен од Скопје или за цела година тој добил 2,7 милиони евра. Највисокиот исплатен бонус од работен однос на годишно ниво изнесува 416 илјади евра.

„Здравството, фармацијата и информатичките технологии остануваат секторите во кои се исплаќаат највисоките плати. Од повремено вршење на услуги жител на Велес заработил  58,2 милиони денари, прво рангиран според остварени приходи од авторски права и права од  индустриска сопственост е обврзник од Скопје со 17,3 милиони денари“, вели Сања Лукаревска - директор на УЈП

Скопјани се на врвот на листата за остварени најголеми приходи. На листата од 10 лица, осуммина се од Скопје, еден е  од Струга и еден од Кочани.

Највисок годишен бруто приход само по основ на пензија лани е пријавен во Скопје  во износ од 30 илјади евра. Од издавање на земјиште, станови и деловни простории во 2016 година најмногу заработил тетовец, кој пријавил приход од еден милион евра. Само од дивиденда скопјанец, пак успеал да заработил 1,7 милиони евра.

Годишни даночни пријави до Управата доставиле 440 илјади граѓани. 63 илјади оставиле дополнителен приход, не не пријавиле.

„Со сите, значи кои се уште ја немаат завршено таа обврска контактираме, комуницираме се со цел доброволно да се усогласиме. Нашата цел не е веднаш да спроведуваме казнена политика туку сакаме да го имаме во предвид и доброволниот партнерски однос со даночните обврзници. Казната согласно законот  за ненавремено поднесување на годишна даночна пријава е од 100 до 200 евра, во денарска противредност“, вели Сања Лукаревска - директор на УЈП.

Граѓаните ќе имаат обврска да поднесуваат годишна даночна пријава уште наредната година. Во 2019, во нивно име тоа ќе го прави УЈП.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.