Намалени проекции за раст на економијата

19.04.2017 | 18:38
Прочитано: 1316
Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економски раст на земјава од 3,5 % на 3,2 %.
 
Според проекциите на монетарците пред нас се Албанија со раст од 3,7 %, Косово од 3,5 % , Црна Гора со 3,3 %. Србија и Босна и Херцеговина годинава ќе ја завршат со раст на БДП од 3 проценти, додека најнизок Бугарија и Хрватска со 2,9.  
 
За дел од економистите намалената прогноза е очекувана, велат дека пролонгираната политиката криза го зема данокот. 
 
„Ние комплетно стагнираме, Македонија за да тргне напред треба најмалце пет години по ред стапката да порасне за 10 проценти. Прво ќе се одрази врз сиромаштијата бидејќи оние кои работат за плата веќе нема да можат да очекуваат редовни примања, ќе  се одрази и на ликвидноста на стопанството“, изјави Зоран Витанов, економски аналитичар.
 
Во глобалниот извештај на ММФ насловен како Светски економски преглед – Моменти на слава, се  посочува дека земјите треба да се фокусираат кон спроведување на структурни реформи.
 
„Потребни се  веродостојни  стратегии  во многу земји за да се одржи јавниот долг на одржливо пат. Прилагодување на пониски приходи на стоки и решавање на финансиски слабости остануваат клучни предизвици за многу нови пазари и економиите во развој.“ - велат од ММФ.
 
Светска банка пак во последниот извештај посочи дека економскиот раст на земзјава е условен од политичката криза, а развојот е несигурен затоа што се потпира на државна интервенција. 

Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.