Направен мобилен телефон без батерија

11.08.2017 | 11:37
Прочитано: 4642

Истражувачи од Соединетите американски држави претставија прототип на мобилен телефон без батерија, којшто користи технологија за којашто се надеваат дека со тек на време ќе биде применувана во производите за големиот пазар, јавува агенцијата Ројтерс.

Телефонот е дело на група истражувачи од Универзитетот од Вашингтон во Сиетл и работи на принцип на генерирање на мали количини на енергија од радио сигнал.

Истражувачите планираат да лансираат еден производ за осум - девет месеци, но не сакале да откриваат детали.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.