Натали Портман е добитничка на „Еврејска Нобелова награда“

08.11.2017 | 10:13
Прочитано: 818

Холивудската актерка и оскаровка Натали Портман е наградена со израелската награда Генеза за 2018 година во знак на признание за посветеност во однос на социјалните прашања и длабоките врски со своите еврејски и израелски корени, наведоа организаторите.

Наградата од милион долари позната и како „Еврејска Нобелова награда“ се доделува секоја година на личноста, која се смета за инспирација за следните генерации Евреи поради своите професионални достигнувања и посветеноста на еврејските вредности.

Глумицата наведе „дека е длабока трогната од тоа признание“.

„Горда сум на своите израелски и еврејски корени. Тие се клучен дел од тоа што сум јас“, истакна Портман во соопштението, додавајќи дека ќе ги искористи средствата од наградата за да го смени животот на жените во Израел и пошироко.

Во образложението за доделувањето на наградата наведена е нејзината улога во борбата за родовата еднаквост против сиромаштијата и правата на животните.

Предвидено е наградата на глумицата да и ја врачи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим во јуни следната година.

Натали Портман е петта добитничка на оваа награда и прва жена која ја имала таа чест.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.