Научници велат: Не ставајте шеќер во кафето, туку сол

11.04.2017 | 10:16
Прочитано: 3093

Нема ништо повкусно од шолја јако, црно кафе наутро, за поенергичен почеток на денот. Некои додаваат млеко, а некои пак, - шеќер.

Сепак, оние поискусни „гурмани на кафето“ често велат дека треба да ставаме сол наместо шеќер, ако веќе не претпочитаме горко кафе. Според нив, солта многу подобро „го разблажува“ вкусот.

Изгледа изненадувачки и неверојатно, но таа теорија се покажа и научно поткрепена. Имено, напис објавен во научното списание „Нејчр”, посочува дека натриумовите јони го поттиснуваат горчливиот вкус, а истовремено ја засилуваат аромата на кафето. Истиот метод - сол наместо шеќер, важи и за виното.

Сепак, треба да знаеме дека, за разлика од шеќерот, за тој ефект е потребно сосема малку сол. Значи, без претерување.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.