Научниците создадоа синтетички мускул 1.000 пати посилен од човечкиот

22.09.2017 | 21:46
Прочитано: 2644

Научниците полека, но сигурно го поплочуваат патото кон сценариото од легендарниот холивудски акционен трилер „Terminator“, каде хуманиоиден робот има практично над човечка сила. Имено, научниците создале вештачки мускул кој има способност да подигне товар 1.000 пати потежок од неговата сопствена тежина.

Научниците користејќи 3D принт технологија успеале да го развијат синтетичкиот материјал од кој е направен мускулот кој се контрахира и шири, речиси потполно исто како човечките мускули. Со помош на слабо струјно коло „мускулот“ успеал да се рашири за 9 пати од својата првобитна површина. Дополнително, „вештачкиот мускул“ успеал да подигне товар 1.000 пати потежок од сопствената тежина. За својата работа научниците објавиле труд во „Nature Communications“.

Важно да се напомене е дека во последните години развојот на вештачката интелигенција е во подем и напредува незапирливо, па според некои дури и веќе претставува закана, додека пак физичката роботика забележува бавен развој и е далеку зад AI.

Според еден од ко-авторите на трудот и еден од учесниците во проектот, се работи за уред кој е најблиску до функцијата, но и изгледот на вистинските мускули во човечкото тело. Намената на ваквата технологија може да се најде насекаде, од медицината, до градежништвото, па се до секојдневниот живот, но и остава простор врз основа на неа да се надоградуваат така наречените меки роботски решенија.

Очигледно, следен чекор е поврзување на двата artificial моменти, со крајна цел нивно автономно и синхронизирано функционирање.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.