НБА: Новиот трипл-дабл на Харден не му помогна на Хјустон против Њу Орлеанс

18.03.2017 | 13:50
Прочитано: 974

Осум натпревари беа одиграни во синоќешната агенда од најсилното кошаркарско натпреварување, а најинтересно беше во Њу Орлеанс каде домашниот табор забележа победа во дуелот со Хјустон и тоа со резултат 128:112.

Џејмс Харден несомнено беше најдобриот играч на паркетот. Иако популарната „брада“ нанижа уште еден трипл-дабл сезонава, вкупно 18-ти, во кој постигна неверојатни 41 поен, 11 асистенции и 12 скокови, не успеа да му помогне на тимот да стигне до победа против „пеликаните“ кои настапија без Демаркус Казнс.  Во победничкиот тим се истакнаа Саломон Хил со 30 поени, додека Ентони Дејвис забележа дабл-давл учинок од 24 поени и 15 скокови.

Чикаго ги намали шансите за пласман во плејофот откако го претрпе седмиот пораз во последните осум натпревари, и тоа на гости кај Вашингтон со 107:112.

Ова се резултатите и од останатите натпревари:
Филаделфија - Далас 116:74, Бруклин - Бостон 95:98, Детроит - Торонто 75:87, Мајами - Минесота 123:105, Феникс - Орландо 103:109 и Лос Анџелес Лејкерс - Милвоки 103:107.


Тамара Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.