Нелоски: Укинати дисперзираните студии без јавна дебата

18.06.2017 | 17:57
Прочитано: 12560

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека со укинувањето на дисперзираните студии се укинува благородна мерка од која бенефит имале околу 20 илјади граѓани. На прес-конференција во седиштето на партијата Вадимир Нелоски истакна дека оваа мерка е воведена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и оти со неа студентите заштедувале пари за патување и сместување.

- СДС ги укинува дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да направи анализа на досегашните резултати, без да го почитува високиот интерес за овој тип на студии и конечно без да спроведе, како што често милуваат да кажат – јавна дебата за носење на оваа одлука. Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е тоа што дисперзираните студии се идеја, односно мерка воведена од страна на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ со цел обезбедување на што поголема достапност на високото образование за сите граѓани, рече Нелоски.

А од СДСМ со рекација преку партиско соопштение, велат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години непромислено и преку избрзани, неодговорни и несоодветни проекти, предизвикуваше штети во образованието. Владата предводена од СДСМ веднаш започна да ги поправа штетите кои МРО-ДПМНЕ им ги нанесе на учениците, наставниците, професорите и образовниот систем. А на барање на универзитетот кое се поклопува со ставот и одлуката на влада, нема да има дисперзирани студии, за коишто значително беше намален интересот за студирање - стои во соопштението на СДСМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.