Нема пристап за инвалидизираните лица

11.01.2017 | 20:35
Прочитано: 817
Од влез пред зграда до кола но со помош на друго лице. Постојана борба со лошите временски услови но и непроодните патишта ова е мрачната страна на едно  секојдневие на лицата со хендикеп во овој период од годината.
 
Елена Кочоска од „Полио плус“ објаснува дека до сега неколку пати барала одговор од агенциите задолжени за чистење и одржување на зградите зошто снегот е неисчистен, а патеките пред влез остануваат замрзнати, но одговорот кој го добила е дека во моментот нема луѓе на терен.
 
„Многу е тешко, мислите како ќе излезете, треба да имате човек да ве однесе. Не може да си дозволите сами да излезете. Голем проблем е во зима, особено во станбените единици, а надлежните за нив, не ги исполнуваат условите за кои се надлежни“ - вели Елена Кочоска од „Полио Плус“.
 
Во услови на минусни температури и снег кога граѓаните се жалат на скршеници судбината на овие лица е уште понеизвеста, поради непристапноста и достапноста до објектите велат од Полио. И покрај постоењето на законска регулатива овие лица и натаму остануваат на маргините на општеството без грижа на градските власти.
 
„Проблемот е голем зошто луѓето кои се надлежни за тоа не сносат никаква одговорност. Додека трае тоа нема ништо да се помести. Законот не се носи само за на хартија“ - вели Кочоска.
 
Законот за градба кој воедно се однесува и на пристапноста и достапноста до објектите беше донесен во 2004 а во 2014 согласно конвенцијата на лицата со хендикеп беа направени и измените.  Недостигот на негова имплементација најмногу испливува на површина токму во едни вакви услови велат од „Полио Плус“.

Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.