Нетфликс плати 120 милиони долари за новиот филм на Скорсезе

07.03.2017 | 19:46
Прочитано: 2098

Нетфликс плати 120 милиони долари за правата за новиот филм на Мартин Скорсезе, „Ирец", со што го надмина Парамаунт и понудата од 100 милиони долари.

Биографскиот филм е всушност приказна за Френк Ширан, човек кој го призна убиството на Џими Хофа, еден од најпознатите синдикални лидери во САД. Во главните улоги се појавуваат Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.

Последен пат Де Ниро и Скорсезе соработувале на филмот „Казино“ во 1995, а претходно заедно рабтеа и на класиките „Разјарениот бик" (1980) и „Таксист“ (1976).

Се претпоставува дека со овој потег, Нетфликс ќе има полн погодок.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.